Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на „Фејсбук“ информира дека на средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија изразил загриженост за, како што наведува, компромитирањето на изборниот процес.

Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува во објавата.

Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата.

Европскиот фронт предводен од ДУИ обвинува за политички инженеринг во ДИК со цел да им се одземат еден до два пратенички мандати со прифаќањето на приговори за прегласување на одредени избирачки места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.