Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во емисијата 24 анализа рече дека разговараат со опозицијата и таа имаше неколку неконзистентни позиции.
– Првото барање беше ДУИ да излезе од владата за да ги поддржат уставните измени, второ барање беше да се оди на предвремени парламентарни избори, терто за нова преговарачка рамка четврто барање на гаранции од ЕУ. Ние решивме сите нивни барања да ги исполниме. ДУИ да излезе од владата понудивме веднаш кога ќе се изгласаат уставните измени заедно со предвремени избори. Бараа гаранции од од ЕУ, излезе канцеларот Шолц од намоќната држава на Унијата и рече дека тој гарантира. Бараа нова преговарачка рамка, отидоа во Брисел и се вратија без ниту една изјава, бидејќи сите им рекоа дека нема подобар договор и не може да го смените. Брисел дојде во Скопје, а да им каже дека нема подобар договор и дека никој не може да смени запирка од преговарачката рамка. Изгласана е од 27 земји и за да се смени, тие треба да изгласаат, вклучувајќи ја и Бугарија. Нема да се смени никогаш преговарачката рамка. – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.