Во присуство на Министрите за надворешни работи од земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата, Османи истакна дека оваа конференција е уште една можност за организацијата да ги потврди своите вредности кои ги негуваме и сакаме да ги промовираме.

Македонија е длабоко убедена дека Франкофонијата претставува семејство на нации кои, обединети околу францускиот јазик, исто така споделуваат заеднички аспирации за подобра иднина, заснована на мир, почитување на човековите права, одржлив развој, како и културна различност, солидарност и соработка. Затоа, ние сме многу горди што ѝ припаѓаме”, рече Османи.

На маргините на конференцијата Османи реализира средби со Министрите за надворешни работи на Швајварија и на Феанција, Игнацио Касис и Кетрин Колона, и низа други неформални средби. Во фокусот на разговорите беа билатералната и мултилатералната соработка меѓу земјите во доменот на Организацијата на феанкофонија, Обединетите нации, како и предизвиците на ОБСЕ и претседавањето на Македонија со Организацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.