Потврда дека Арифи била планирана за амбасадорка во Брисел неодамна во изјава за медиумиte даде лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој потврди дека Арифи би била добар предлог за амбасадор во ЕУ во Брисел, со оглед на фактот што е поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Госпоѓата Арифи беше вицепремиер за евроинтеграции, и го познава овој процес. Оценето е дека Арифи може да придинесе по однос на ова точка, а причина за тоа се нејзините придонеси и претходните врски кои ги имала со регионот а и со ЕУ, изјави на 31 март оваа година Ахмети.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи демантира дека за Арифи биле испратени барања за агремани во Вашингтон, Брисел и во Анкара. Тој потврди само дека имало размислување сопартијката да биде амбасадорка во Брисел но дека ни за таму немало формализиран предлог.

Никогаш немало формализиран предлог за Теута Арифи. Имало размислување, но никогаш формализиран предлог за да биде пратен во Брисел, рече шефот на дипломатијата Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку е позитивно одговорено од шесте предлози испратени од МНР, односно од Владата, до Кабинетот на претседателот на државата.

Според неофицијални информации од МНР на кои се повикува пратеникот Антонијо Милошоски, предлогот на Арифи за амбасадорското столче во Анкара веројатно требало да биде амортизер поради чувството на нелагодност од одбивањето од Брисел. Претходно за амбасадорка во Вашингтон за Арифи имало усни консултации, но повратно мислење никогаш не било добиено, што се толкува како одбивање. За амбасадорското столче во Брисел пак, Арифи поминала на затворена владина седница, но остана нејасно дали Владата го повлекла предлогот со Арифи или пак, за неа согласност нема од претседателот на државата Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.