Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Брисел, каде што заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан.

Покрај учеството на сесијата, Османи ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и бројни средби со колеги од регионот и земјите членки на Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.