Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, се сретна со Андреа Касконе, директор за Балкан во италијанското МНР при што главна тема на разговорот била европската перспектива на нашата држава

Како што соопшти МНР, на средбата директорот Касконе порачал дека Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство во Унијата, за што Италија ќе продолжи силно да се ангажира.

Соговорниците размениле мислења и за надворешно-политичките и безбедносните приоритети на двете земји во светло на војната во Украина, како и за продлабочување на билатералната соработка во области од заемен интерес, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.