Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со Лариса Дир, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.
Ѝ посакав успех во дипломатската мисија, со уверување дека со своето искуство и лични заложби ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи – објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.
Шефот на дипломатијата воедно ја реафирмирал поддршката од нашата земја за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Македонија со силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и готовност за понатамошна помош во соочувањето со предизвиците од руската воена агресија – се наведува на фејсбук статусот на министерот Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.