Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, во рамките на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
При прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.
Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.