Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.
Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес, соопшти МНР.
На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.