Бујар Османи не сака да дава изјави за преферирани коалицирања, оти смета дека нема поголемо омаловажување за граѓаните, за демократскиот процес од тоа девет дена пред изборите да се зборува за тоа кој со кого ќе коалицира без да ги знаете резултатите и волјата на граѓаните.

Во однос на изјавата на Изет Меџити како ДУИ веќе не ја симпатизираат ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, посочи дека ДУИ никогаш немала за цел да биде симпатизирана од нив, туку целта на ДУИ и на Европскиот фронт, вели е да биде посакуван претставник од страна на народот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.