Министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со слчувањата во Алијанса за Албанците утрово во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека изборот на премир Албанец е голем успех за државата и тоа не било само правото кое Албанците го добиле во државата.

Државата да стане еднаква за сите граѓани. Имаше зон на етнички монопол до 2001 година и Рамковниот договор почна да ги интегрира заедниците. Македонците се уште се незадоволни и на интеграцијата гледаат како непријателски чин. Оваа сатанизација која се прави кон ДУИ има чисто партиско политички карактер. ДУИ е најдржавничката партија од државничка перспектива. ДУИ не партизира, туку интегрира. Другите балкански држави може да сонуваат за ова. Не може да има одржлива хармонија и стабилност во услови на етничка номинација едни врз други. Мора да бидеме еднакви и еднаквоста се гледа како губење на нешто наше. Нормализација на еднаквоста не е само бројки, туку на менување на менталитет. Не може во една постохридска Македонија, да има обиди во кои граѓани од друга етничка заедница се сметаат за табу на одредена позиција, вели Османи.

Во врска со техничката влада, рече дека имало досега една седница и недоговорно би било од ВМРО-ДПМНЕ да саботираат влада. Смета дека партиските разлики се топат кога има силен геостратешки објектив. Сите што мислат дека државата може сама, сами по себе ќе се здружат и ова ќе биде битка на концепти, на европски западен и некаков изолационен источен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.