Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи информираше дека имал средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата било утврдено задоволство од одржувањето на Стратешкиот дијалог Македонија – САД, преку кој дополнително се зајакнува партнерство и се надградуваат билатералните односи меѓу двете земји.

Поздравено сојузништвото во рамки на НАТО, како исклучително значајно во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Благодарност за безрезервната американска поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, наведува Османи.

На средбата присуствувала и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.