Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како претседавач со САД – Јадранската Повелба (А5), бил домаќин на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите на иницијативата, што се одржа во рамки на Генерално собрание на Обединетите Нации, во Њујорк.

Во фокусот на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, како и начините за зајакнување на безбедноста и стабилноста на регионот.

Унапредувањето на европските и евроатлантските интегративни процеси на земјите од Западен Балкан, заедно со зајакнувањето на регионалната соработка претставуваат двигател на демократските процеси и најдобрите алатки за обезбедување на долгорочна стабилност и регионален просперитет“, нагласил Османи

Тој, воедно, ја истакнал потребата од адаптирање на А5 кон новата геополитичка реалност и актуелните безбедносни предизвици.

По две децении од постоењето на САД – Јадранската Повелба, околностите и светот во кој живееме драматично се променија, особено по бруталната руска агресија врз Украина. Затоа, ние како претседавач со А5 инициравме креирање на нов Стратешки концепт на Повелбата што ќе ја одрази новата геополитичка реалност и новата регионална динамика. Додека се залагаме за оваа важна цел, ние остануваме посветени на Политиката на отворени врати на Повелбата и континуирано ја поддржуваме апликацијата на Република Косово да се придружи на А5“, истакнал Османи.

На крај на состанокот, била усвоена Заедничка изјава за поддршка на Украина, со што е реафирмирана контнуираната поддршка за украинскиот народ од страна на земјите членки на САД – Јадранската Повелба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.