Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска брифираше дека МНР однапред за три месеци ги исплатило платите на вработените, односно за дипломатите во македонската амбасада во Украина како и киријата, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.

Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат – рече денеска Османи.

Шефот на македонската дипломатија уште еднаш потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени.

Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација.

Нашата позиција е поспецифична, ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и повеќе внимаваме какви пораки ќе испратиме, но сме во комуникација со набљудувачката комисија и со генералниот секретар на ОБСЕ – додаде Османи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.