Музафер Каришиќ, помошник началник во СВР Скопје за криминалистички работи, сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања и на Панче. Тој објасни како е најдено телото на Вања, од каде се снимките, но потенцираше и дека оружјето со кој е извршено убиството на Вања и натаму не е пронајдено.
На прес-конференцијата која беше одржана по пронаоѓањето на телото на Вања, тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека се пронајдени два пиштоли, но мора да се вештачат за да се утврди дали со некое од тие оружја е извршено убиството.
На почиштето за убиството на Вања и Панче, во септември годинава, односно осум месеци од изјавата на Спасовски, од обвинението беше откриено дека сè уште не е пронајдено оружјето со кое е стрелано во главата на жртвите. Денеска Каришиќ потврди дека пиштолот се уште не е најден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.