Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра. Ставаме 250 милиоми евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, кажа Златко Перински, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за локална самоуправа во владата во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Тој рече дека Владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот.

Во оваа прилика ќе ги повикам и сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, кој што го планираме некаде отприлика да се случи во септември, рече тој и додаде дека овие пари ќе се доделуваат на годишно ниво и за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, преку нови проекти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.