Општина Аеродром започнува со санација и реконструкција на сите 60 детски игралишта, со што, како што велат оттаму, овие простори ќе блеснат во нов сјај, а дечињата ќе добијат убаво уредени катчиња за безбедна игра и дружење, пренесува „Слободен печат“.
Санацијата ќе опфати замена или поправање на постојните подлоги, а исто така целосно ќе се заменат или ќе се поправат оштетените реквизити и заштитните огради.
Заменик-градоначалникот Дејан Митески информира дека Општината неодамна изготви детален Извештај за состојбата со детските и спортските игралишта на територијата на Аеродром, а нивното обновување и реконструкција ќе се спроведат според утврден план и динамика.
Акцентот првично е ставен на детските игралишта затоа што Општина Аеродром е фокусирана на најмладите и посветено работи на создавање уште подобри и поквалитетни услови за нивни правилен раст и развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.