Онлјан проверката дали е изработен пасошот важи сами за оние граѓани кои се фотографирале за патна исправа од први јануари па наваму, објаснија од Министерството за внатрешни работи, објави „Телма“.

МВР вчера вечер ја пушти во функција онлјан алатката за проверка дали е изработен пасошот само за оние скопјани кои поднеле барање за нови документи во „МТВ“ и во „Пролет“. Дел од граѓаните останаа збунети откако користејќи ја алатката добиле известување „Не е пронајден запис!“.

Само со впишување на матичниот број и селекција на бараниот документ, се проверува дали пасошот е готов. Оние граѓани чии патни исправи се готови, уште синоќа добија известување преку СМС на кој датум и во колку часот да си го подигнат пасошот, што е новина, бидејќи досега имаше голем метеж на шалтерите во МТВ.

Во моментов граѓаните не можат онлајн да закажат фотографирање за лични документи, а телефонските линии се постојано зафатени.

Со впишување на ЕМБГ може да се провери дали патната исправа е во процес на изработка или истата е подготвена за издавање. Ова засега важи само за лицата кои се фотографирале за патна исправа во МТВ и „Пролет“. Во иднина ќе се прошири и за сите пунктови, како и за личните карти. МВР презема мерки и активности за граѓаните да можат и електронски да закажат фотографирање“, порачаа од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.