Со Бугарите само реципроцитет, кој е основно право во цел свет, и ништо друго. Ако Бугарија не дозволи да се отвори Македонски клуб во Благоевград и било каде на друго место во Бугарија каде што ќе побараат Македонците, тогаш бараме македонската влада да ги затвори не само трите фашистички бугарски клубови, туку и таканаречените лажни „културни клубови за бугаро-македонско пријателство“, кои веќе се отворени во дваесетина града во Македонија и преку кои на големо се шири бугарска пропаганда меѓу македонската младина! – реагира Обединета македонска организација “Илинден” – Партија за економски развој и интеграција на населението (ОМО “Илинден” – ПИРИН).

Ваквата реакција доаѓа откако Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет наведувајќи дека тоа е провокација.

Или реципроцитет и дозвола за неограничен број македонски клубови во Бугарија, или во Македонија нема да постои ни еден бугарски пропаганден антимакедонски клуб! – додаваат од ОМО “Илинден” – ПИРИН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.