„Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за ргистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и правобранителски организации, како Хелсиншки комитет, ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печали. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува се потешко одбранлива теза, после евентуалното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред се правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение“.
Ова е содржината на текстот номериран како 2.2.19. од планот насловен како „Бугарската политика кон Република Македонија“, што официјална Софија го има подготвено уште во 2008 година, значи цели девет години пред потпишувњето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Планот е разработен до најситни детали и од оваа временска дистанца може слободно да се констатира дека целосно се реализира.
И едноставно, делува зачудувачки нашите служби и институции да не го имаат ниту видено, а уште помалку анализирано пред власта на СДСМ и на ДУИ да стават параф на асиметричниот Договор, што сега преку францускиот предлог, всушност, станува документ на Европската унија.
Значи, уште пред цели 14 години официјална Софија самата признава дека нерегистрирањето на ОМО Илинден ќе биде се потешко одбранлива теза. Но, тоа за нашата власт како да нема никакво значење. Напротив, со својата послушничка политика, пред се, преку актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска ја почнува дводневната посета на Софија, како и преку „партискиот историчар“, академикот Драги Ѓоргиев, дефинитивно забегува во двојните аршини на својата дневно-политичка агенда, анализира „Пресинг ТВ“.
А, тие одат до чисти апсурди. На пример, министерот Османи, по отворањето на клубот „Никола Јонков Вапцаров“, како вистински скандал-мајстор направи нова поделба меѓу Македонците во Бугарија. Ај што се откажа од постоењето македонско малцинство во Бугарија, сега тамошните Македонци ги подели на „приватни“ и „државни“. Демек, иницијативата за отворање на клубот била приватна, а многу скоро, исто така во Благоевград, државата Република Македонија ќе отвори друг клуб. И кои Македонци од Бугарија ќе членуваат во него? Истите тие од клубот „Никола Јонков Вапцаров“ или ќе најдат некои други, „државни“ Македонци!?
Двојните аршини од чисто дневно-политички цели станаа знак на распознавање на неизбежниот „партиски историчар“, академик Драги Ѓоргиев. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Ѓоргиев за Вапцаров ќе рече „кој важи за бугарски поет, кој пишувал на бугарски јазик“, нешто што не го спомена ниту еден од членовите на клубот при неговото отворање! И притоа уште ќе додаде:
-Отворање на клубови и друштва, ако тие навистина се наменети да бидат мост преку кој ќе се пласира културата и идеи за соработка меѓу двата народи, тогаш тоа не е спорно. Меѓутоа, кога се отвораат клубови, кои носат имиња на личности кои немаат ниту допирна точка со културата на таа заедница која го отвора или на заедницата каде што се отвора тој клуб, тогаш тие навистина стануваат јаболко на раздорот и причина за уште поголема тензија меѓу Македонците и Бугарите, во конкретниот случај. Несомнено е дека отворањето на тие клубови во Македонија со тие имиња имаат поинаква позадина, имаат друга цел, и сето тоа веќе е толку јасно и на јавноста и во Македонија, па и во Бугарија, така што верувам дека, јас верувам, мислам дека ќе се прекине со таквата пракса и доколку двете држави сакаат тие клубови да придонесат за релаксирање на односите меѓу двете држави, тогаш треба политичките елити на двете држави да седнат и да размислат добро на кој начин ќе се менаџираат тие клубови, затоа што очигледно е дека отворањето на тие клубови, посебно на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, односно да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави.
Очигледно, на акадмик Ѓоргиев му пречат имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија, кои директно се поврзуваат со бугарскиот монархо-фашизам или наци-фашизам, иако тоа не го наведува експлицитно. Но, во нив гледа „поинаква позадина, имаат друга цел“!, потенцира Пресинг ТВ во анализата.
А, истиот тој академик Драги Ѓоргиев, исто така во интервју за Радио Слободна Европа, на 6 февруари годинава, категорично тврдеше нешто сосема друго.
–Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“, изјави тогаш тој.
И сега, според академик Ѓоргиев, Цар Борис Трети и Иван Ванчо Михајлов се класично фашистички или пронацистички и профашистички имиња?!
За жал, ова не е прв и единствен излет на Ѓоргиев токму на оваа тема. Пред две години, на 25 ноември, тогашниот премиер Зоран Заев во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, меѓу другото рече:
-Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт.
Само неколку дена подоцна, Ѓоргиев како „добро дресирана партиска пудлица“ ќе се обиде да го оправда Заев, со тоа што тогаш изнесе само „свое мислење“:
-Мислам дека Бугарија не била фашистичка држава.
Што е многу, многу е, па и да доаѓа од една „добро дресирана партиска пудлица“, која вешто „скока и си игра“ и во партиските, и во политичките, и во историските, и во академските кругови.
Извор Pressing TV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.