Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Амбасадата на Република Србија се потпиша во Книгата на жалост изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ по трагедијата во која малолетник во основно училиште уби и повреди соученици.

Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите, напиша Спасовски на својот фејсбук-профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.