Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека немал точни информации околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорност на судијата Пајазит Пајазити. Запрашан дали како коалиција ВЛЕН се придружуваат кон барањето на нивниот коалициски партнер, Таравари вели: Јас немам точни информации за што се работи, но независно од името, за секој којшто не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај немам точни информации, кога ќе имам, ќе имаме и став како коалиција ВЛЕН.
Барањето за одговорност од Судијата Пајазити е поради неговата одлука да му го укине институционалниот притвор на припадникот на ОВК, Блерим Рамадани и да му определи куќен притвор, по што притвореното лице избега од државава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.