Владата на Република Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, а во организација на Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето.
Настаните ќе се одржат утре, 12.03.2023 година (недела) на неколку локации:
Поворка на живите која ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол – Империал Тобако ТКС.
По поворката, предвидени се свечени обраќања на Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Македонија, Ернест Херцог – Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова – Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.
Одбележувањето продолжува во 11:30 часот на Градски гробишта Бутел – Скопје со положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ – Градски гробишта Бутел – Скопје и со обраќања на Радојка Хелман Денковска потпретседател на ЕЗРМ и Цега Мелаху, пратеник во Кнесетот на државата Израел.
Одбележувањето се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20:00 часот.
На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.
На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на Еврејската заедница РМ – Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.
Комеморативниот настан ќе се пренесува во живо на НРТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.