Владата направила нови промени на срамното, еднаш веќе повлечено и потоа променето сочувство за кралицата Елизабета Втора.

Во најновота трета по ред верзија соопштението е сменето името на новата британска премиерка.

За разлика од првите две верзии каде таа се именуваше како Лиз Трус сега владата и го погоди името согласно македонската граматика во чија транскрипција премиерката е Трас.

И во првата и во втората верзија на владиното сочувство имаше катастрофални и срамни дипломатски и протоколарна грешни изрази употребени од македонската влада.

Од владата не откриваат кој го пишувал соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.