Анџела Прајс Агелер, дипломатка од кариера, е номинирана од американскиот претседател Џо Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје, Македонија, соопшти Белата куќа.
Досега таа беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт Департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.
Ангелер рече дека е почестена од кандидатурата за нова амбасадорка во Македонија.
Пред преземањето на функцијата и претстои и конфирмација од страна на Сенатот, после што претседателот и официјално ќе ја наименувана за амбасадорка. Вообичаено процесот од номинација до конфирмација трае околу 67 дена. Ангела Агелер зборува покрај англиски и француски, и македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.