Забранет е влезот во Министерството за здравство за докторите и сите здравствени работници кои денеска во 5 до 12 се охрабрија да го изразат своето незадоволство од пазарењето со здравсвствените власти по принципот не оваа среда, другиот петок.
Забранет влез за белите мантили и силно полициско обезбедување пред скалите на Министерството за здравство ги чуваа министерот за здравство Фатмир Меџити и неговата заменичка Маја Манолеца од хероите на пандемијата.
Од нас ли се плашите, прашуваа лекарите на паузата додека го изразуваа своето незадоволство од непотпишувањето на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност.
Синдикалните претседатели денеска не ги пречека министерот за здравство. Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар Предраг Серафимовски беа на состанокот со заменик-министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство.
Со притисок се успеа да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност, рече Каранфиловски по состанокот и додаде дека и од МЗ треба да излезат и да го потврдат истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.