Граѓаните тешко ќе му ги простат на премиерот Димитар Ковачевски 26-те илјади евра потрошени на себепромоција. Утрово на надвозникот кај стоковната куќа „Мост“ осамнаа транспаренти на ои пишува „Од ќурка инфлуенсерка не бива“.

Од информациите што се јавно достапни, Ковачевски троши 260 евра за еден ден рекламирање на Фејсбук, пари со кои можат да се купат лекови за кои умираат луѓе. Ковачевски работи на личниот пи-ар со цел да го поткрене рејтингот, кој му најнизок во однос на сите претходни премиери и лидери на партиите.

Од партијата Беса Ковачевски го нарекоа најкорумпираниот премиер во Европа и го повикаа да даде отчет од каде ги добил парите за промоција.

Во време кога земјава ја доживува најдлабоката економска криза, каде цените на основните производи достигнуваат огромни бројки, премиерот се грижи за социјалната мрежа. Потсетуваме дека цените на основните производи не се намалени, а струјата и понатаму е многу скапа. Овие постапки уште еднаш покажуваат дека премиерот и владата воопшто не се грижат за граѓаните и интеграцијата, туку се занимаваат со пропаганда и самопромоција, велат од Беса.

Младината на ВМРО-ДПМНЕ му ја додели наградата за инфуленсер на годината.

Можеби рафтовите со леб во маркетите се празни и народот нема со што да се прехрани, но една таква мала и неважна работа не смее да го засени фактот дека со само 26.000 евра, можат да се купат неколку стотина лајкови на Фејсбук. Наградата за инфлуенсер на годината, заминува кај премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за најмногу пари инвестирани во развојот на културата на социјалните мрежи во Македонија, Младен Јаневски, претседател на Комисијата за животна средина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.