Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар.

Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата.

Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден.

Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.