Министерството за правда во координација со Јавното обвинителство на Република Македонија ги презеде сите неопходни активности за обезбедување на целосна и непречена задолжителна примена на системот за управување со предмети во јавните обвинителства почнувајќи од 1 јануари 2023 година.

Системот претставува основна алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување информации, следење и архивирање на предметите како и увид во секој момент во статусот на предметите.

Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци а основна цел е унапредување и автоматизирање на процесите во јавните обвинителства, подобрување на протокот на информации преку дигитализација,архивирање и чување на документацијата обезбедувајќи притоа висок степен на безбедност, контрола на пристапот и автоматизирана комуникација.

За соодветна примена на системот, организирани беа и обуки на јавните обвинители и на останатите вработени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.