Јавниот обвинител Дарко Јакимовски најави преиспитување на казните во случајот „Ласкарци“ откако денеска на шестмината обвинети, Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје им изрече затворски казни од вкупно 39 години.
Очекувавме осудителна пресуда за сите обвинети. Што се однесува во поглед на одлуката за санкцијата секако дека истата ќе биде преиспитана од наша страна, изјави Јакимовски.
Во однос на прашањето дали е доволна казната од четири години за сопственикот Дурмиш Белули, обвинителот рече дека очекувањата биле дека казните нема да се движат поблиску до законскиот минимум од четири години.
Нашите очекувања беа дека казните нема да се движат поблиску до законскиот минимум на казнување за ова кривично дело кое што може да се движи во распон од четири до 20 години. Во тој поглед секако дека ќе се преиспита казната и битна алка во одговорноста е одговорното лице и се надевам дека во иднина никогаш нема да бидеме сведоци на ваква трагедија, дополни Јакимовски.
Обвинителот денеска побара и мерки за претпазливост за обвинетите сѐ до правосилноста на пресудата, барање, кое Судот го одби со образложение дека мерките се веќе активни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.