Од обвинителството на прашање на Телма до каде е истрагата  за убиството на Дилавер Бојку Леку, одговорија дека воделе постапка за 2 осомничени лица. За првиот имало истрага за  убиство и за убиство во обид но обвинителот ја запрел истрагата бидејки немало докази.

За второто лице имало кривчна пријава за помагање но обвинителот донесел решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи утврдил дека не постои основано сомневање дека го сторил кривичното дело. Од струшкото обвинитество велат дека постапката продолжува во насока на откривање и идентификување на убијците на Леку.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека братот на предложениот министер за правда, е осомничен за убиството на Дилавер Бојку Леку.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.