Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.
Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓу другото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот.
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.
Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал – рече таа.
Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.