Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата.
За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес.
Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите.
Ќе ги следиме изборите низ државата, во речиси сите голем град, но и во руралните средини. Прелиминарниот извештај ќе го имаме утре во 15:00 часот кога ќе одржиме прес-конференција. Се надеваме дека изборите ќе бидат мирни, дека ќе се одвиваат според стандардите на ОБСЕ и им посакуваме многу среќа и успех на граѓаните на Македонија во иднина, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.