„Учебниците тоа што не успеаја да стигнат на време, не мислам дека не стигнаа на време поради тоа што некако многу системски и во детали се разработуваа самите учебници. Да се разработуваа во детали, немаше да имаат онакви грешки како што гледавме навистина. Од пред некој час имам информација дека и кратенката ДУИ е дел од некој учебник. И преку која што кратенка ќе учеле за поимот кратенки, па зашто е баш ДУИ изберено како пример за да учат што се кратенки нашите ученици, јас не знам“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.
Попов за субвенционираниот студентски оброк додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до Собранието, но за жал беше одбиен од владејачкото мнозинство. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дури бараше по примерот на студентски оброк да се создаде и таква мерка како средношколски оброк но и тоа се одби од страна на владејачкото мнозинство.
Имавме и амандман и постоечкиот студентски оброк да се зголеми од 120 денари на 160 денари бидејќи 120 денари пред некој месец и пред некоја година 120 денари и сега во моментов не вредат воопшто исто, рече Попов.
Тој посочи дека образованието во Македонија тоне, а тоа го покажуваат и мерењата, а УКИМ е под 2.000 влезен на Шнагајската листа.
Не можеме да очекуваме дека ќе расте образованието во Македонија кога не расте ниту една ставка која што се занимава на тема образование во ниту еден буџет на државата, нагласи Попов.
Попов укажа дека Универзитетското студентско собрание со МОН изготви акционен план и согласно тој акционен план требало да започне на 23.12 реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“. Но се уште не е започнат. И запраша зошто се уште не е започнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.