Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев вечерва ја обелодени иницијативата за референдумското прашање кое што партијата ќе ја достави до Собранието.
-Синоќа на проширениот президиум на партијата го дефиниравме прашањето. За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме на Влада, за да не му даваме муниција на Талат Џафери да глуми уставен судија. Прашањето ќе биде „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, слично како за Преспанскиот дговор, со прифаќање на собраниските заклучоци со тој и тој архивски број од 16-ти јули 2022 година“. Со ова практично е невозможно да се одбие иницијативата и затоа одиме со оваа варијанта. Наративот е продолжување на духот на протестите против бугаризацијата, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“.
Тој очекува граѓаните да излезат и да гласаат против.
-Ние ќе бараме задолжителен референдум согласно 24. Ние не го напаѓаме Договорот со Бугарија и не директно францускиот предлог, бидејќи во тој случај Џафери ќе рече тоа не е во надлежност на Собранието и ќе биде во право, додаде Апасиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.