По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.
Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата.
Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов.
Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите.
Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука.
-Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент.
Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин.
-Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија.
Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.