Владата на 86-та седница ја усвои информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м. Никуштак – дистрибутивна мрежа со приклучување кон водоснабдителниот систем Липково и информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м.Виштица – главна водоводна мрежа со приклучна шахта од водоснабдителниот систем Липково.
Со тоа, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), се обезбедија средства од Буџетот на МЖСПП за 2023 година потребни за доизградба на двете водоводни мрежи со што и двете села од општина Липково ќе се приклучат кон регионалниот водоводен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.