Организацијата „Обединета Македонска Дијаспора“ од Вашингтон испратила реакција до „ЕуроЊуз“ за прилог во кој пописот во Македонија го нарекле „Северномакедонски“.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) веднаш се обрати до „ЕуроЊуз“ и ја коригираше референцата на „Македонски попис“. Не постои ништо како „Северномакедонец“ – #GetItRight – се наведува во реакцијата на ОМД.
Според ОМД, но и според Виенската конвенција, технички ова е работа што треба да ја работи македонското Министерство за надворешни работи и неговиот персонал.
Сепак, по промената на името, ОМД стана Министерство за надворешни работи (Стејт Департмент) на македонскиот народ – пишува организацијата за случајот.
Објавата на „ЕуроЊуз“ за којашто реагираат од ОМД може да ја погледнете на следнијот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.