Членовите на ДКСК на седницата разговараа да поведат иницијатива за негово разрешување од заменичката функција во Агенцијата, но во натамошната дискусија тие се сложија да побараат дополнително одговорност и од пратениците – членови на собраниската Комисија за избори и именувања кои спротивно на законот гласале за неговиот избор.

Случајот не ги опфаќа виновниците кои се одговорни за ова. Тоа е Собранието. Мора да се опфати за одговорноста и таа Комисија која го поминала тој човек. Треба да се разреши, а тие кои се причина вака ќе поминуваат неказнети. Ова не е само политичко влијание, туку е криминал. Мора да се знае кој го прекршил законот и гласал во име на политиката, рече членот на комисијата, Нури Бајрами.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.