Демократското движење денеска во Скопје го одржа основачкото собрание на кое за негов преседател едногласно беше избран Изет Меџити.

Меџити пред присутните истакна дека првичната мисија на Демократското движење е да го обедини искуството од минатото со волјата на иднината.

Не со политичка теорија, туку со искористување на искуствата оставени настрана и покрај искуствата и подготвеноста на возраста како и со ангажирање и поттикнување на младите луѓе со образование, знаење, стручност и енергии кои не се користат ни одблиску доволно. Искуството на возраста ја облагодарува волјата на младоста, посочи тој.

Информира дека ќе дејствуваат опозициски.

Во историјата на Македонија може да биде единствен или редок случај кога за убедување ги оставивме позициите, заменик министер, директори, државни секретари, ја плативме цената заради нашите убедувања и тоа треба да се цени. Значи ние ова го правиме за декмокрартските процеси, да придонесиме за поголема демократија во Македонија и од позиција на власт преминавме во опозиција, истакна Меџити.

Рече дека нивната битка за зачленување во ЕУ подразбира поинакви жртвувања.

Доживеавме војни против нас. Ги надминавме обидите за предизвикување конфликти во нашите, сега е редот да се бориме против нашите недостатоци, против ситните огорчености, кланизмот и непотизмот, пред се против себичноста што не спречува да разбереме и прифатиме дека успехот на секој од нас е придобивка за нас. Затоа Демократското движење смета дека не е доволно про -ЕУ вербализмот, репродукција на закони без почитување на правниот дух на ЕУ, зависност од бирократијата на ЕУ без прифаќање и спроведуавње на европските вредности, стандарди, критериуми и искуства кои и претходеа на создавањето на ЕУ. Не е доволно да бидеме про-ЕУ ако не се однесуваме како што сме и како што од нас бараат да станеме – Европејци во себе и Европејци во другите, изјави Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.