Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи по паузата од еден час во 23 часот. Завршија сите пратеници пријавени за збор и тоа  значи дека е можно гласањето за реконструкцијата на владиниот кабинет во Собранието да се случи и вечерва пред полноќ

Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции.

Останува да се види колкумина пратеници ќе ги поддржат новите министри.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.