Министерот за правда, Кренар Лога го откри планот на власта за да дојде до отворање на Уставот.Иако се свесни дека немаат 80 пратеници, ниту пак дека се блиску до таа бројка сакаат во јавноста да создадат таква атмосфера.
Иако ВМР0-ДПМНЕ беше јасен дека нема да делигира свој член во работните групи за уставни измени-Лога денеска вели дека ќе чекаат до крајот на оваа недела измените со кои треба да се внесат Бугарите во Уставот, туку и за други барања.
Но, она што изненадува е што Лога бара со едно отворање на Уставот да се направат уставни промени и за други прашања како што е формулацијата „20 посто„“ за употребата на албанскиот јазик, како утвдување на работата на Собранието во услови на пандемија.
Приоритет ќе добие измената на Преамбулата, но бидејќи Уставот не се отвора секој ден, добро е и овие работи да се решат во пакет-смета министерот Лога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.