Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала, спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“.
Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.
„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.
Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.
Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.
Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта.
Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.
Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.
Од фронтлајн.мк вчера се правдаа, дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет. Секому што и малку разбира како се спонзорираат објави на оваа социјална мрежа, му е јасно дека ова е невозможно.
Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот, Кристијан Ландов.
„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.
„Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.
И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ како нарачатели на рекламирањето, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“, може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата со лажни вести и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.
Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.