Арогантното однесување на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, ја наелектризира јавност и новинарската фела. Во нова снимка, се гледа како новинарот на „Алфа ТВ“, Матеја Петровски се обидува да се дообјасни со Битиќи во врска со прашањето и му објаснува дека не било националистичко туку поврзано со ДУИ. Но, наместо да го сослуша, Петровски е истуркан од обезбедувањето на вицепремиерот кој пробува да влезе во автомобилот.

„Не можете да нѐ оставите нас Албанците“, вели Битиќи додека бега, на што новинарот Петровски му објаснува: „Не е така господине Битиќи, јас партија спомнав, не националност“. На ова, вицепремиерот наместо да застане, замавтува со раката.

Ова беше причина и еснафските здруженија да го кренат гласот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.