Територијалната противпожарна единица се здоби со нова опрема! На мое големо задоволство, денес пристигна донација од Дирекција за спасување и заштита, преку која ТППЕ доби еден сет систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди, како и еден сет за спасување од поплави, со вкупна вредност од околу 50.000 евра, пишува на својот фејсбук профил Марко Колев, градоначалник на Општина Велес.

Оваа донација е од огромно значење за противпожарната единица во Велес, но и за сите граѓани на Општина Велес и регионот, со цел обезбедување на нивна заштита и безбедност кога е најпотребно. Упатувам благодарност до директорот на Дирекцијата за спасување и заштита, г-дин Беким Максути, со кого разговаравме и за продлабочување на соработката во иднина.

Покрај претходно обезбедените возила, во наредниот период се очекуваат да пристигнат и две нови возила, а во тек е и проектирањето за реконструкција и осовременување на противпожарната станица.

Она за што сите денес се согласивме е дека само со заедничко навремено делување и превенција можеме да придонесеме за минимизирање на ефектите од немили настани, за добробит на сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.