Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека во Македонија се случува скандал на власта, која набавила систем за следење на комуникациите на целиот интернет простор, од секој можен уред кој го користат граѓаните и од секоја можна мрежа, на која се тие претплатници и независно, дали се работи за службено или приватно лице.

Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР!

 

МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение!

 

Следно, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2, а МВР нема извршено никаква контрола, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат оти ма сериозни индиции, дека МВР и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо, иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија!

Сериозно се сомневаме дека овој систем, веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување.

 

Во исто време ЈО и Јовевски не само што не реагираат, туку има сомнеж и дека се обидуваат да го прикријат овој случај.

 

Спасовски и Ковачевски, да престанат да се кријат и да излезат пред јавноста и да дадат одговори, на овој ултра скандал, со кој се засегнати директно, сите граѓани на Македонија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.