Министерот за здравство вели дека нема добиено никакви резултати од испитувањата на смрдеата што се шири од компресорите на Хируршките клиники, поради која речиси три месеци хируршкиот блок на скопскиот клинички центар работи со помош на надворешни компресори. Здравствените власти и натаму немаат утвредно ниту која е причината за миризбата која ги затвори салите ниту пак знаат кога ќе ги вратат во целосна функција, иако претходникот на Таравари беше оптимист дека германските експерти ќе утврдат зошто се појавила невообичаена миризба во салите каде што се оперираат пациенти.

Се уште немам добиено извештај. Разговарав со директорите и докторите, но не би сакал да избрзувам со изјава која нема врска со вистината. Можеби е тоа што се инсталарина пред повеќе од 30 години, а можеби има и нешто друго за што се уште немам точна информација“, рече Таравари.

По пропаѓањето на првиот тендер за набавка и инсталација на целосно нова компресорска станица, се поизвесно е дека рокот за целосно враќање во функција на салите ќе се пролонгира.

Таравари веќе соопшти дека Министерството за здравство ќе ги преземе сите обрски за спроведување на постапките од Службата за општи и заеднички. Ако и на вториот тендер не се јави ниту една фирма, тогаш ќе се оди на директни преговори.

Не можам со сигруност да кажам дали ќе се пријави фирма или нема да се пријави, но доколку не се пријави, тогаш ќе побараме некој што може да го работи тоа и да се договориме директно министерството со изведувачот“, рече Таравари.

Во меѓувреме операциските сали на клинички и натаму работат со нецелосен капацитет, а останатите пациенти се препраќаат во старата градска болница како и во болницата „Осми септември“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.