Денеска во штипската населба Баби градоначалникот Иван Јорданов заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со директорите на јавните претпријатија, советниците и штипјани, свечено го пуштија во употреба спортско рекреативниот центар.

Тој опфаќа спортски терени кои се комплетно реконструирани со софистицирана тартан подлога, нови кошеви, голови, партерно и хортикултурно уредување на парковата површина, целосно осветлување, поставување на канделабри, инвестиција одвоена од буџетот на општина Штип во вредност од 3,5 милиони денари, рече Јорданов.

Ова е прва фаза од уредување на овој простор во најголемата населба во Штип, Баби, а следна фаза ќе биде издвојување на дополнителни 4,5 милиони денари за нова парковна површина веднаш до оваа содржина со што, како што порача градоначалникот, овој дел од градот ќе добие прекрасен лик, прекрасно катче во кое ќе уживаат сите генерации од најмлади со највозрасни

Сакам да напоменам дека до овој момент на територија на Штип се одвиваат во неколку населени места градежни активности и се одвива градежната експанзија која ја најавивме и се надевам дека во наредниот период ќе произлезат капитални инвестиции и проекти со кои што ќе се подобри животот на сите наши сограѓани, порача штипскиот градоначалник



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.