Норвешка, заедно со други донатори е подготвена да инверстира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија. Ова е истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет.
Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, заменикот Селим Адеми и членовите Лорета Ѓорѓиева и Миљазим Мустафа, остварија работна средба со директорот на Судскиот совет на Норвешка Свен Мариус Урке, придружуван од Аудун Хогнес Берг, кој е дел од норвешкиот совет и Амра Јашаревиќ, задолжена за реформи во судствата од регионот. На средбата присуствувале и претседателот на Основниот суд, Лазар Нанев и професорката Гордана Лажетиќ, како дел од Советот за информатичко- комуникациска технологија.
На средбата, како што се наведува во соопштението, двете страни на состанокот се согласиле дека изборот на судии, нивното оценување и унапредување, кои се во надлежност на Судскиот совет, ќе бидат поцелосни и поквалитетни доколку се дигитализира целиот судски Директорот на Судскиот совет на Норвешка, Урке ја потенцираше неопходноста од целосно дигитализирање на македонскиот судски систем преку современа информатичка технологија со цел да се олесни пристапот на граѓаните до судството, но и да се создаде поефикасен, потранспарентен и понезависен судски систем. Нагласи дека целата независност на судството во Норвешка се потпира на информатичката технологија.
Од страна на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска, норвешката делегација беше известена дека во моментот советот издвојува финансиски средства за процесот на дигитализација на судството и изрази подготвеност советот активно да учевствува во инсталирањето на нов АКМИС систем, во кој ќе бидат содржани и алатки кои до сега не ги користело македонското судство.
Членовите на Судскиот совет искажале уверување дека со целосната дигитализација и со инвестицијата во информатичка технологија ќе се обезбеди транспаретно и независно судство кое ќе го олесни давањето услуги кон граѓаните, а судските постапки ќе ги направи поотворени за јавноста, со што ќе се врати и довербата кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.