Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) порачува дека воопшто не е изненадена од лицитирањето кое го спроведуваат СДС и ДУИ нудејќи разни политички функции за опозицијата само за да се спроведе нивната идеја за измени на Уставот.

Отсуството на морал кај премиерот кој нуди фунции и места во власта се потврдува заедно со лагите дека опозицијата е убедена да прифати уставни измени. Тој не се изјаснува за предлозите од опозицијата и со тоа потврдува дека намерите не му се чесни ниту пак реално остварливи.

 

Ковачевски никогаш непосредно не бил избран од граѓаните, нема мандат и легитимитет но сака да се пазари и со несвојствен начин за одговорност лажно нуди места кои се добиваат само и исклучиво во изборниот процес.

 

Иако нема никаква основа Бујар Османи од ДУИ, заедно со Артан Груби нудат премиерско место за лидерот од опозицијата само да ја прифати стапицата наречена бугаризација на Македонија.

 

Маричиќ, од друга страна, безобразно најавува притисок и пазарење со пратениците за да гласаат како што сака власта. Пендаровски останува во зоната дека сите се во право и никој не е во право, ама не е реално и затоа е недораснат за својата функција, реагираат од СПМ.

Од партијата додаваат дека Алијансата на Албаницте се вмешува во лицитацијата иако нема мандат за ниту една понуда, но тие ја потврдуваат корупцијата која владее на оваа срамна агенда.

Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија оценува дека ниското ниво на однесување на преставниците на партиите од власта ја девалвира државата Македонија и нејзиниот углед со што и нанесуваат долгорочна штета за што треба да сносат одговарност.

 

Затоа, само со итни избори овие матни корумпирани ликови ќе ја напуштат политичката сцена за да бидат избрани национално определени лидери кои знаат да ги бранат интересите на државата и граѓаните, се вели во реакцијата на СПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.